Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Свети Николе поднесе кривична пријава против Сашо Велковски (55) од Свети Николе, поради постоење сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

-Пријавениот, во својство на градоначалник на општина Свети Николе, во текот на 2021 година, пречекорувајќи ги границите на своите службени надлежности, постапил спротивно на одредбите од Законот за градење и Правилникот за начинот на издавање на одобренија за градење на тој начин што лично изготвил, потпишал и издал одобрение за градење, кое не било евидентирано во електронскиот систем на Сектор за урбанизам, заштита на животната средина, комунални работи и оттуѓување на градежно земјиште при општина Свети Николе.

-Ваквото одобрение, кое е правно неважечко, било искористено од изведувач од Скопје, кој изградил објект во вредност од 15.488.1118 денари, за кој износ со наведеното дејствие е причинета штета на нарачателот. Дополнително, наведениот објект не е впишан во Агенцијата на катастар на недвижности Свети Николе, бидејќи претставува бесправно изграден објект, велат од МВР.

Exit mobile version