Велики Петок, ден на Христовото страдање

Денес присуствував на светата Богослужба во храмот Св. Петка -Црниче, со која чиноначаствуваше Архепископот Охридски и Македонски и Митрополит Скопски г.г.Стефан, информираше на социјалните мрежи градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.

На овој тажен ден за целото христијанство му се заблагодаривме на Господ Исус Христос за жртвата што ја принел за сите нас и му се помоливме за здравје, бериќет и мир.

Во исечекување на Христовото Воскресение да го почувствуваме Неговиот мир во своите срца и достојно да го дочекаме Велигден, напиша градоначалничката на ФБ.

Exit mobile version