Градежник се здобил со повреди додека работел на објект во кочанско
Маж се здобил со тешки телесни повреди при изведување на градежни работи, информира МВР.
„На 17.02.2021 во 11.10 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека околу 09.30 часот на ул.„Индустриска“ во Виница, при изведување градежни работи на објект, со повреди се здобил Д.С.(63) од с.Бели, кочанско. На Д.С. му била укажана лекарска помош во Општата болница Кочани, а увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Виница и инспектор за заштита при работа“, информира полицијата.
18.02.2021 - 16:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа