Градежната инспекторка од Куманово заработи кривична за примање поткуп
Полицијата во Куманово поднесе кривична пријава против 60-годишната Л.Т. од Куманово поради сомнение дека сторило кривично дело примање на поткуп. Имено пријавената градежна инспекторка била фатена на 01.11.2024 во угостителски објект во Куманово како го прима поткупот.
Граѓанин уште пред речиси 2 месеца на 25.09.2024 во СВР Куманово пријавил дека овластениот градежен инспектор Л.Т. при општина Куманово, која вршела контрола на објект во изградба кој оштетениот го градел и на кој пријавената при контрола на записник констатирала отстапување од одобрението за градење, а за да не му издаде решение за запирање со градење и да не му поднесе соодветна пријава до надлежно ОЈО или суд му побарала поткуп најпрво сума од 1500 евра, за да на 31.10.2024 ја покачи сумата за поткуп на 4000 евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа