Вчера во 11:15 часот во Полициската станица Кочани, од Итна медицинска помош Кочани е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен В.Б.(50) од с.Соколарци, општина Чешиново – Облешево.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи за фирма од Кочани, односно при пад од висина. Поради сериозноста на повредите В.Б. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје за понатамошно лекување.
По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршиле увидна екипа на ОВР Кочани во содејство со инспектор за безбедност и здравје при работа и инспектор за работни односи.
- Истрага за над 820.000 евра: Полицијата изврши разговор со три лица за тендерите во Министерството за земјоделство
- Филипче до Мицкоски: Не може македонска партија со бугарски пасоши
- Мицкоски: Градоначалникот на Карпош не поднел оставка
- Градежен работник паднал од висина во Кочани – итно е пренесен во Скопје
- Скопјанка паднала во шахта на Партизанска – со тешки повреди пренесена во болница
- Несреќа на Водно: Полицаец со мотор на МВР излетал од патот за да избегне лисица
- Апсење на скопскиот аеродром: Маж носел полн куфер со муниција
- Судење за „Пулс“: Сведоштво за паниката и метежот, одбраната тврди дека девојките имале „душевно растројство“


