Град Скопје: Максимална казна за пресеченото дрво во Кисела Вода

 Инспекторатот на Град Скопје денеска на општина Кисела Вода и одговорното лице им изрече максимална казна во висина од 1800 евра поради бесправно исечено дрво на булеварот „Борис Трајковски“.

Дрвото, како што соопштија од Град Скопје, е исечено без нивна дозвола и одобрение.

Заштитата на зеленилото е врвен приоритет во животната средина, а брзата реакција е потврда дека градските инспекциски служби се на висина на задачата и дека неказнивоста во Скопје повеќе нема да се толерира, информираат од Град Скопје. 

09.10.2021 - 17:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега