АМСМ информира дека денеска има привремен прекин на сообраќајот на Граничниот премин (ГП) Дојран.

Прекинот е на сила од 10:30 до 12:30 часот и се однесува на влезот и излезот од грчка страна.

Сообраќајот е целосно блокиран за секаков вид на возила, а причината е штрајк на земјоделци во соседна Грција.

Exit mobile version