Вчера во ОВР Гостивар, 72-годишник од Гостивар пријави дека му биле злоупотребени неговите лични податоци.
Според пријавеното, при вадење уверение за остварен доход од Управата за јавни приходи, тој забележал дека во неговото досие се заведени добивки од игри на среќа во износ од 74.294 денари за 2024 година, кои тој никогаш не ги подигнал.
Како што е пријавено, тој се сомнева дека вработени во спортска обложувалница ги искористиле неговите податоци од лична карта за да исплаќаат добивки на трети лица и поради овие фиктивни приходи тој се соочил и со финансиски кратења на неговата пензија во Италија.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
- Милошоски – Лексман: Членството во ЕУ е заемно корисно за стабилноста
- (ВИДЕО) Небото над Ријад во пламен: Саудијците соборија ирански ракети
- Двајца повредени во сообраќајка на патот Охрид-Кичево
- Трипуновски: Босилово е пример за модерна и успешна општина со силно земјоделство
- Вучиќ со остри критики: Пицула и Хрватите водат политичка војна против Србија
- Сиљановска-Давкова: Членство во ЕУ според заслуги, а не преку билатерални уцени
- Венс признава: Свесни сме за проблемот со скапите горива, се бара итно решение
- Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија


