Гости на венчавка биле „нападнати'' поради проѕирниот фустан на девојката: „Ја засени невестата“

Гостите на една венчавка ги нападнале на социјалните мрежи поради изборот на фустан кој што го носела девојката.

Како што тврдат луѓето кои што коментирале на социјалните мрежи, девојката која што носела сексапилен, црвен фустан го украла вниманието на венчавката, па ја засенила и невестата.

Фотографијата од анонимните гости се појавила на „Reddit“, а како што може да се види, девојката за венчавката одлучила да носи црвен фустан со проѕирен горен дел во форма на корсет.

„Сексапилни гости на венчавка, но немојте да зборувате за тоа дека девојката го украла вниманието на невестата“ - е еден од коментарите на „Reddit“.

„Мислам дека и онака била во кавга со невестата затоа што фустанот е пресексапилен за венчавка“ - втор коментар на фотографијата.

„Доколку горниот дел од фустанот не е проѕирен, би бил совршен фустан за венчавка. Сладок фустан, но не за венчавка“ - трет коментар.

Што мислите вие?

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.07.2020 - 17:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа