Три активни пожари на отворен простор се регистрирани во земјава до 13:00 часот, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според официјалните податоци од институцијата, пламените јазици во моментов најмногу го зафаќаат Источниот регион од државата.

Првата локација е во атарот на селото Неокази, општина Пробиштип, каде што гори ниска вегетација.

Вториот активен пожар е регистриран во општина Штип, на местото викано „Исар“.

Овој пожар е специфичен бидејќи се наоѓа во централното градско подрачје, а таму е зафатена ниска вегетација.

Третиот пожар, според извештајот на ЦУК, е активен во селото Новоселани, општина Чешиново-Облешево.

На оваа локација исто така гори ниска вегетација.

Противпожарните екипи се на терен и работат на справување со огнената стихија на сите три места.

Exit mobile version