Гори повеќе од 30 часа: Се уште активен пожарот во скопски Чаир

Пожарот кој вчера избувна во станбена зграда во Чаир сè уште е активен соопштуваат од ЦУК. Борбата на пожарникарите за гасење на пожарот во подрумски простории траеше во текот на целата ноќ. На помош било повикано и специјално противпожарно возило на Армијата.

Гаснењето на пожарот се одвиваше отежнато поради големата количина на чад и високата температура во подрумите во кои била складирана поголема количина на запаливи материјали.

Вкупно 43 лица се хоспитализирани по пожарот во зграда во Чаир што избувна вчера утрото. На Клиниката за токсикологија биле примени 31 пациент, од кои пет се задржани на болничко лекување. На Детската клиника биле примени 12 деца, од кои две се задржани на лекување. Сите пациенти се во стабилна состојба.

03.10.2024 - 09:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега