Гордо си го покажа целулитот: „Јас сум доказ дека се што гледаме на социјалните мрежи е искривена реалност“

Зад нас е периодот на празничен одмор во кој уживавме во слатки и други намирници кои се богати со нездрави масти. Некои веројатно се имаат здебелено, што е сосема нормално. Сепак, секој ден на Инстаграм и другите социјални мрежи гледаме објави на инфлуенсерки и други девојки во кои тие изгледаат совршено. Ова може да нè натера да се чувствуваме несигурни кога станува збор за нашето тело.

Во само неколку кадри од по неколку секунди, Авара покажа дека она што го гледаме на социјалните мрежи во повеќето случаи не е реално. Таа покажа дека и оние луѓе кои имаат извежбана фигура не изгледаат секогаш совршено, како што може да изгледа според фотографиите кои ги објавуваат.

Направи снимки како различните начини на позирање можат целосно да ѝ ја променат фигурата. Ја симулираше и текстурата на нејзиното лице која секако изгледа реално, за разлика од ретушираните фотографии кои го преплавија Instagram.

Видеото собра повеќе од милион лајкови, а многумина ѝ се заблагодарија на Авара што ја покажа вистината:

 

 

@defining.fitness

Insta: defining.fitness

♬ Own brand freestyle x my type by Altegomusic - ALTÉGO

17.01.2022 - 20:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега