Гитаристот на групата ДНК, Горан Тонев, кој беше меѓу повредените во големиот пожар во Кочани пред точно една година, ја сподели својата неизмерна благодарност кон медицинскиот тим кој се грижеше за него. Тонев се сретна со персоналот на болницата „Папаниколау“ во Солун, каде што беше хоспитализиран по трагедијата.
Преку емотивна објава на социјалните мрежи, тој истакна дека никогаш нема да ги заборави оние кои му помогнале во најкритичните моменти.
„Никогаш нема да ги заборавам луѓето кои биле покрај мене кога ми беше најтешко. Денес повторно се сретнав со дел од прекрасниот персонал од Papanikolaou Hospital. Мојата благодарност кон нив е бескрајна“, напиша Тонев.

