Големо поевтинување: Дизелот од полноќ паѓа под 80 денари за литар

Дизелот од полноќ поевтинува за пет денари, а поголемо намалување ќе има и кај бензините, потврдуваат за МИА од Регулаторната комисија за енергетика. Со тоа, дизелот ќе се продава за 79,5 денари за литар и ќе биде најевтин од почетокот на вијната во Украина. Последен пат, дизелот под 80 денари се продавал на 1 март.

Еуросупер БС-95 ќе се намали за 3,5 денари за лита и ќе се продава за 77,5 денар, а Еуросупер БС-98 поевтинува за 4 денари и ќе се точи за 79,5 денари.
 Намалување ќе има и кај Екстра лесното масло за 4,50 денари за литар и кај Мазутот М-1 НС за 2,115 ден за килограм.

Намалувањето е резултат на намалените цени на референтните берзи и намалувањето на курсот на денарот во однос на доларот.

– Денешната одлука е потврда дека РКЕ работи согласно утврдена методологија која е во интерес на граѓаните. Довербата што ја градиме кон граѓаните е клучна со цел да се избегнат дезинформаци и лажни вести од т.н експерти. РКЕ секогаш кога се создаваат предуслови, веднаш носи одлуки во корист на народот, вели во изјава за МИА претседателот на РКЕ Марко Бислимоски

 

09.12.2022 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа