Големо невреме во Лозово: Градот уништи жито, тутун, лозје, овоштарници, возила (ФОТО)
Големо невреме ја зафати општина Лозово. Градоначалникот Бошко Цветковски преку социјалните мрежи алармира дека сѐ е уништено.
-Земјоделието е единственото нешто од што егзистираат жителите на Лозово. 100% уништено... Уништени жита, тутуни, лозја, овоштарници, возила, пластеници... сѐ, напиша Цветковски на Фејсбук.
Претходно денеска министерот за земјоделство, Љупчо Николовски објави дека по предупредувањата на Управата за хидро-метеоролошки работи извршено било авионско засејување на градоносни облаци.
-Преку навремената реакција на #УХМР со активирање на воздухопловите за авионско засејување на градоносните облаци и со вкупно 262 палки беше дејствувано врз градоносни облаци. Ова е рекордно дејствување на авионите со рекорно искористени палки за еден ден, при што е спречена појава на град во над 80% од прогнозите, со што е спречено предизвикување на поголеми штети на земјоделските посеви, напиша Николовски на Фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа