Возач на товарно возило „форд“ со струмички регистарски ознаки го загубил животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска на магистралниот пат Струмица – Радовиш.

Несреќата се случила околу 12:40 часот, на делницата меѓу селата Василево и Владевци, кога товарното возило излетало од коловозот.

Информацијата за трагичниот настан ја потврдила портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, за РадиоСтрумицаНет.

Поради сообраќајката, патниот правец Струмица – Радовиш е во целосен прекин, а полициски екипи вршат увид на местото на несреќата.

По завршувањето на увидот се очекуваат повеќе информации за причините и околностите под кои се случила трагедијата.

Exit mobile version