Трагична сообраќајна несреќа се случи синоќа околу 23:45 часот на магистралниот пат М-17, во местото Брадина во близина на Коњиц, кога автомобил марка „голф“ излета во длабока клисура.

Во оваа тешка несреќа животите ги загубија две 20-годишни девојки од Сараево, додека возачот се здобил со тешки телесни повреди. Во возилото се наоѓале вкупно четири лица.

Од Министерството за внатрешни работи на Херцеговачко-неретвскиот кантон (ХНК) ја потврдија трагичната вест и соопштија детали за состојбата на патниците:

„Во оваа сообраќајна несреќа загинаа патниците од возилото, А.М. и Н.З. од Сараево. Возачот, А.Б., се здобил со тешки повреди. Повреди со неутврдена тежина се здобиле патниците, А.Ј. (20) од илиџа и Д.Д. (20) од Сараево“ – соопшти полицијата.

На местото на настанот веднаш излегоа надлежни екипи кои извршија увид и работат на утврдување на точните причини кои доведоа до оваа страшна сообраќајна несреќа.

Exit mobile version