Битола „лежи“ на неексплодирани убојни средства од Првата светска војна. Над илјада опасни предмети се досега извадени од локацијата „Тумбе Кафе“, а според информациите од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), акцијата за расчистување е далеку од завршена.

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, на денешната прес-конференција ја обелодени застрашувачката бројка – евидентирани се точно 1.067 неексплодирани убојни средства на потегот над куќите на „Тумбе Кафе“.

Што сè крие битолската почва?

  • Околу 50% се рачни бомби.
  • Останатиот дел се минофрлачки гранати.
  • Сите потекнуваат од периодот на Првата светска војна.

„Очекуваме да најдеме уште толку“, изјави директорот Ангелов, најавувајќи дека тимовите на ДЗС ќе продолжат интензивно да работат на терен во наредниот период. Целта на оваа сложена операција е целосно отстранување на убојните средства, со што конечно ќе се гарантира безбедноста на жителите кои живеат во близина на оваа локација.

Exit mobile version