СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(20) од с.Горна Речица, Н.М.(66) од с.Мала Речица, И.И.(51) од Тетово, А.Р.(58) од Тетово, И.Р.(38) од с.Градец, гостиварско и Н.М.(23) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и против А.Б.(47) од Тетово поради постоење основи на сомнение за „помагање“ во врска со кривично дело „измама“.
На 03.06.2025, прво и второпријавениот, по случена сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила, со намера да се стекнат со противправна имотна корист посочиле дека како учесници во истата сообраќајна незгода биле и трето, четврто, петто и шесто пријавените и покрај тоа што тие не биле учесници.
Додека, седмопријавениот ги советувал пријавените како да постапат, односно да се упатат во Клиничка болница Тетово и да се пријават како учесници во сообраќајна незгода со цел да се стекнат со паричен надомест.
Актуелно
- СДСМ: Власта одби минималец од 600 евра, имаат пари за авиони и луксузи, но не и за работниците
- Насилство во Карпош: Малолетници нападнале врсник и го снимале со телефон
- Тинејџери сееле страв низ Прилеп: Напаѓале и ограбувале жени во домови и на улица
- Ужас во Делчево: Баба тепала дете кое се играло со нејзиното внуче во дворот
- Подгответе се: Утре ќе нема струја до 15:30 часот, проверете дали сте на листата за исклучувања
- (ФОТО) Пронајдена угината женка на загрозениот Балкански рис
- Трамп сака да ја заврши војната во Украина за големиот јубилеј на САД
- Прифатете го Законот за минимална плата од 600 евра, поскапувањата се побрзи од законското усогласување, вели Спасовски


