Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања, велат од СДСМ.
„За законот дебатираа само пратениците од опозицијата.
Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата.
Има пари за луксузирање на власта, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат.
Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат.
Има за авион. Има за мебел. Нема за плати.
Дефокус не го полни фрижидерот.
Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб.
Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?
Повеќе не можете така да поминувате.
На сите им е сè јасно.
Прифатете го законот заради работниците. Доста беше од игри“, стои во соопштението од СДСМ.


