Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: ЕУ препозна дека дел од членките го злоупотребуваат правото на вето
    • МВР откри катастрофа во јавниот превоз – секој 4ти автобус неисправен
    • Николоски: Визија е да создадеме интегриран еколошки јавен превоз со Градски воз, електричните автобуси, БРТ и меѓуградската железница за да го намалиме аерозагадувањето
    • Мицкоски: Околу 25 милиони евра од Буџетот се пренасочени кон општините за капитални проекти
    • Мицкоски: Растот ќе биде меѓу 3,5 и 4 отсто
    • ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди
    • Путин слави роденден, Кремљ открива како ќе го помине денот
    • „Зошто проговори дури сега?“ – ВМРО-ДПМНЕ со прашања до Филипче за 37-те милиони евра
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Голема акција: МВР тресе на 20 локации -се апси за фалц дозволи

    Голема акција: МВР тресе на 20 локации -се апси за фалц дозволи

    11.09.2026 во 12:241 Min Read
    Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    МВР денеска спроведува координирана акција со претреси на дваесетина локации во рамки на истрагата за незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи за C и D категорија.

    Денешната акција следува по истрагата што Внатрешната контрола на МВР ја отвори кон крајот на август, кога беше откриено дека вработени во управните служби незаконски впишувале повисоки категории во возачки дозволи на лица кои немале положено испит за управување камиони или автобуси.

    Според тогашните информации, шемата функционирала така што лицето пријавувало изгубена возачка дозвола и барало издавање нова, а при обработката на документот во системот незаконски му била додавана C или D категорија. Во рамки на првичната истрага најмалку двајца вработени во МВР биле откриени при обид за издавање таква дозвола за поткуп од околу 1.400 евра.

    Истрагата потоа беше проширена за да се утврди колку службеници биле вклучени во шемата и колку возачки дозволи биле издадени на ваков начин.

    Со денешните претреси на дваесетина локации полицијата трага по дополнителни материјални докази и лица поврзани со случајот. Засега нема официјални информации колку лица се приведени, а повеќе детали се очекуваат по завршувањето на акцијата.

    Прочитај повеќе

    ГАЛЕРИЈА: Македонската полиција уапси 69 годишен маж – Имал цел арсенал оружје

    07.10.2026 во 11:09

    Паднаа директорка и шефица во Државна лотарија – пронајдени злато и скапи брендирани чанти

    07.10.2026 во 11:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.