Голема акција на МВР - се вршат претреси во познати струмички фирми

 


Според непотврдени информации во тек се заеднички активности на повеќе институции меѓу кои на полицијата и управата за јавни приходни, кои вршат претреси на повеќе локации во фирми и домови во Струмица, Скопје и Гостивар.

Засега она што се знае е дека се одзема огромна документација но и други предмети кои се наоѓаат при самите претреси. На полициски разговор се повикани десетина управители, адвокати, нотари кои се поврзани со работењето на струмичките и скопските фирми  за кои се сомневаат дека функционираат во систем на криминална пирамида која сигурно излегува и преку државните граници. Она што исто така се знае е дека целата акција на институциите на државата е поврзана со докажување на повеќе кривични дела даночно затајување, перење пари, незаконски поврат на ДДВ со што е оштетен буџетот на граѓаните од неколку десетици милиони евра. 

Неофицијално во случајот се вмешани луѓе кои важат за блиски до највисоките структури на претходната власт а под полициска опсада е познат ресторан во Струмица.

12.09.2024 - 16:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега