Голема акција на МВР: Апсења и претреси во Грчец, Чаир и Дуќанџик

Серија апсења од утрово се спроведуваат во рамки на голема полициска акција која се одвива во скопски Грчец, дознава Press24 од полициски извори.

Како што информираат полициски извори, на удар е позната група од ова село во околината на Скопје. Истовремено, претреси се вршат и во Дуќанџик и Чаир како и на други локации. Според се уште неофицијалните информации, веќе се приведени неколку лица.

Неофицијално, оваа група се поврзуваше со повеќе кривични дела меѓу кои трговија со дрога, киднапирања и убиства. Оваа акција е во тек, детали се очекува да соопшти полицијата во текот на денот.

 

25.01.2024 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега