Вчера вечерта избувнал пожар во кругот на индустрискиот комплекс „Макстил“ во Скопје, при што целосно бил опожарен магацин кој се користел за обработка на дрво дознава 24инфо.
Благодарение на брзата и навремена интервенција на екипите на Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје, пожарот бил ставен под контрола и не се проширил на останатите објекти во комплексот.
Засега нема информации за повредени лица, ниту за причините за избувнување на пожарот. На терен интервенирале повеќе противпожарни екипи, кои се бореле со огнената стихија за да спречат поголема материјална штета.
Очекуваме повеќе информации во текот на денот.

