Полициските сили и локалните власти пристигнаа на местото на настанот, додека 70 пожарникари со 15 противпожарни возила се во акција.
Голем пожар избувна во главниот град на Албанија, Тирана, на плоштадот за половна облека. Пожарот зафати голем број магацини на улицата „5. мај“. Многу семејства се евакуирани. Се верува дека е предизвикана материјална штета од еден милион евра.
Десетици луѓе работат на плоштадот, а пожарот се прошири, загрозувајќи станови во згради во близина на магацините. Се стравува дека штетата може да биде уште поголема, бидејќи се верува дека во магацините има и боци со гас.
Вкупно, горат околу 50 големи магацини. Многу семејства се евакуирани од службите за итни случаи.
Причината за пожарот сè уште е непозната. Пожарникарите се борат да го изгаснат пожарот.
Полициските сили и локалните власти пристигнаа на местото на настанот, додека 70 пожарникари и 15 противпожарни возила се во акција.

