Социјалната мрежа Facebook денеска се соочува со сериозен технички прекин, поради што голем број корисници ширум светот пријавуваат дека не можат да пристапат до платформата.
Корисниците известуваат дека автоматски се одлогирани од своите профили, додека кај други апликацијата и веб-страницата воопшто не се вчитуваат или прикажуваат грешка.
Проблеми се забележани и кај други сервиси на Meta, вклучително и Instagram и Messenger, што укажува на поширок технички дефект во системот на компанијата.
Според првичните информации, прекинот е глобален и зафати корисници од повеќе земји, при што се регистрирани десетици илјади пријави за недостапност на услугите.
Од компанијата Meta соопштија дека се свесни за проблемот и дека нивните технички тимови работат на негово отстранување, но засега не е објавена официјална причина за прекинот.
Се очекува повеќе детали да бидат соопштени во текот на денот, додека корисниците остануваат без пристап до платформите.


