Платформите Facebook и Instagram, во сопственост на компанијата Meta, повторно се во функција по краткотраен глобален прекин што денеска предизвика проблеми за илјадници корисници ширум светот.

Според податоци од сервисите за следење на прекини, корисници пријавувале проблеми со логирање, вчитување на содржини и пристап до апликациите. Дел од корисниците биле автоматски одјавени од своите профили, додека други пријавиле грешки при обид за повторно најавување.

Од Meta потврдија дека се запознаени со проблемот и дека нивните технички тимови работат на негово отстранување. За кратко време, бројот на пријавени проблеми значително се намалил, што укажува дека услугите постепено биле нормализирани.

Прекинот предизвика реакции на социјалните мрежи, каде корисници пријавуваа тешкотии со пристап до платформите и споделуваа дека сервисите не функционираат стабилно.

Exit mobile version