Close Menu
Press24
    Најново

    Три хороскопски знаци ќе доживеат финансиски пресврт по 15 март – ќе престанат да ги бројат последните пари

    10.03.2026 во 11:09

    Втор случај во Македонија: Осуденик ќе издржува затвор дома со алка на ногата

    10.03.2026 во 10:54

    Драма во регионот: 5-годишно дете исчезна од градинка

    10.03.2026 во 10:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Три хороскопски знаци ќе доживеат финансиски пресврт по 15 март – ќе престанат да ги бројат последните пари
    • Втор случај во Македонија: Осуденик ќе издржува затвор дома со алка на ногата
    • Драма во регионот: 5-годишно дете исчезна од градинка
    • Евакуација во Багдад: Германија ја повлече својата амбасада
    • Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со важна вест
    • Охриѓани добиваат бесплатно психолошко советувалиште
    • Црн биланс во Израел: Над 2.300 лица хоспитализирани од почетокот на војната
    • Адеми: Груби е невин додека не се докаже спротивното
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Годинава регистрирани 38 случаи на ХИВ/СИДА, починале осум лица

    Годинава регистрирани 38 случаи на ХИВ/СИДА, починале осум лица

    30.11.2025 во 11:272 Mins Read
    ФОТО: Freepik
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Триесет и осум нови случаи на лица со ХИВ/СИДА се регистрирани во Македонија од почетокот на годинава до 27 ноември, што претставува пад од 25,5 отсто во споредба со истиот период лани кога имало 51 случај.

    Според најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен по повод Светскиот ден за борба против СИДА, оваа година се евидентирани осум смртни случаи поврзани со болеста.

    Во однос на демографската слика, вирусот и понатаму доминантно ја погодува машката популација. Од 38-те нови случаи, дури 37 се мажи, а само едно лице е од женски пол. Просечната возраст е 35 години, при што најголем дел од заразените (над 73 отсто) се млади луѓе на возраст од 20 до 39 години.

    Анализата на ризикот покажува дека кај 29 лица преносот настанал во рамките на МСМ популацијата (мажи кои имаат секс со мажи), додека кај пет лица е регистрирана хетеросексуална трансмисија.

    ИЈЗ нотира дека Македонија останува земја со ниска преваленца, но предупредува на нагорен тренд на подолг рок, бидејќи 32 отсто од вкупно 726 регистрирани случаи од 1987 година досега, се откриени токму во последните пет години.

    „Слично како и во останати земји од европскиот регион, во Македонија, мажи кои имаат секс со мажи се изложени на поголем ризик од ХИВ инфекција, во последните 10 години 72,8 отсто од регистрираните случаи се кај мажи кои имале секс со мажи“, наведуваат од ИЈЗ.

    Популарно

    Неочекуван пресврт – Цената на нафтата драстично падна на светските берзи

    10.03.2026 во 08:18

    Премиерот Мицкоски во Кучевишка Бара

    10.03.2026 во 08:13

    Драма во Македонија: Украл кола и куче, искршил банкомат, направил сообраќајка – „Малку му било” па претепал и полицаец

    10.03.2026 во 08:41

    Трамп: Ќе го удриме Иран 20 пати посилно од досега

    10.03.2026 во 10:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.