Close Menu
    Најново

    Орце Ѓорѓиевски: Градот убав повторно блесна

    15.12.2025 во 20:45

    СДСМ: Сите нешто измислиле ама Мицкоски не сака да ја потпише Резолуцијата да нема мигранти

    15.12.2025 во 20:26

    Мицкоски замина за Брисел

    15.12.2025 во 20:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Орце Ѓорѓиевски: Градот убав повторно блесна
    • СДСМ: Сите нешто измислиле ама Мицкоски не сака да ја потпише Резолуцијата да нема мигранти
    • Мицкоски замина за Брисел
    • ВИДЕО: Блесна елката во Скопје
    • Мицкоски: Новиот обвинител мора да биде професионалец и да се бори за правда – немам фаворит
    • Физички нападнати полицајци
    • Премиерот: Не може преку лажни фактури и лажни баратели да се цица буџетот
    • Трамп сака да им се јави на европските лидери
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Гоцевски: Мојата заложба е во првите 100 дена да се исчистат дивите депонии во и околу Делчево

    Гоцевски: Мојата заложба е во првите 100 дена да се исчистат дивите депонии во и околу Делчево

    29.09.2025 во 20:01
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Гоцевски гостуваше во емисијата „Локални избори 2025 – изборни соочувања“ на МРТ, притоа ја истакна својата визија и идеи како да се подобри Делчево, да биде поубаво место за живеење, со проекти за решение на дивите депонии и решавање на проблемот со задолжувањето на општината од претходната власт.

    -Мојата мотивација ќе ја преточам во конкретни проекти, ќе ја прекинеме оваа низа на два мандати на градоначалници на СДС, овие 4 години ќе работам во интерес на граѓаните на општина Делчево со нови проекти, Делчево е задолжена општина и задолжено Јавно комунално претпријатие, ќе работиме на сервисирање на големиот долг од мојот претходник, ќе го направиме Делчево поубаво место за живеење, истакна Гоцевски.

    Кандидатот за градоначалник Гоцевски наведе дека ќе се насочи кон решавање на проблемот со дивите депонии, како и изнаоѓање решение за селективен отпад, потенцирајќи ја изградбата на регионалната депонија која ќе помогне да се исчистат и градските депонии.

    -Нашиот основен мотив е справувањето со дивите депонии, во првите 100 дена од кога ќе бидам назначен за градоначалник нашата заложба ќе биде да ги исчистиме сите диви депонии, да најдеме решение во иднина за селективен отпад и нормално изнаоѓање на решение за нашата градска депонија, паралелно на ова сите знаеме дека е во тек изградбата на регионалната депонија, која ќе ни помогне да ги исчистиме и нашите градски депонии. Во однос на нашата градска депонија тоа што е запишано во програмата е дека ќе обезбедиме 24 часовен надзор на истата“, рече Гоцевски кој е кандидат за градоначалник на Делчево од ВМРО-ДПМНЕ чиј слоган е „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!.

    Популарно

    Апсења на повеќе локации во Скопје: Приведени 14 лица

    14.12.2025 во 14:17

    „Ќе умрам, кажете му на моето семејство дека сакам да спасам луѓе“: Емотивни зборови на херојот од Сиднеј кој го разоружа терористот

    15.12.2025 во 12:14

    Добри вести за 100 пензионери: Општината ќе им додели 6000 денари финансиска помош

    15.12.2025 во 11:59

    Во пукањето во Австралија убиена ѕвездата на македонскиот фудбалски клуб Рокдејл Илинден

    15.12.2025 во 09:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.