Close Menu
Press24
    Најново

    Почна евакуација на Србите од Тел Авив: Вучиќ им прати авион во Египет

    02.03.2026 во 22:41

    Репрезентативецот Стефан Ашковски успешно евакуиран од Иран

    02.03.2026 во 22:32

    Бела куќа: Операцијата против Иран има јасни цели

    02.03.2026 во 22:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Почна евакуација на Србите од Тел Авив: Вучиќ им прати авион во Египет
    • Репрезентативецот Стефан Ашковски успешно евакуиран од Иран
    • Бела куќа: Операцијата против Иран има јасни цели
    • Пентагон: САД нема да се впуштат во нова „бесконечна“ војна
    • Николоски: Патот од Фариш до Прилеп не смее да остане црна дупка, ќе се гради автопат или експресен пат
    • Ивица Дачиќ симнат од респиратор
    • Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ копнено преку Оман
    • Егзодус на богатите од Дубаи: Приватните летови достигнаа вртоглави 350.000 долари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Скопје: Да одиме во поубав хотел – две девојки го лажеле за тројка – добил ќотек и останал без пари

    Скопје: Да одиме во поубав хотел – две девојки го лажеле за тројка – добил ќотек и останал без пари

    05.11.2025 во 09:39Updated:05.11.2025 во 09:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Истрага против четири лица – двајца мажи и две жени поведе Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, бидејќи четворицата во група, со употреба на сила одзеле 200 илјади денари од едно лице.

    На 30 октомври оштетениот со една од осомничените жени отишле во мотел во Скопје, по што таа му предложила да повика уште една девојка. Оштетениот се согласил и осомничената ја повикала другата жена, па заедно го убедиле оштетениот да одат во “поубав и поевтин хотел”.

    Излегувајќи од собата, во темниот двор на мотелот, ги пречекале двајцата мажи кои биле во договор со жените и заедно му се нафрлиле на оштетениот. Го удирале со боксови по главата и телото додека не паднал на земјата, а од џебовите му ги одзеле парите, мобилниот телефон и личната карта.

    Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за сите четворица осомничени, поради опасност од бегство и можност да го повторуваат делото. За една од осомничените жени која е во бегство откако го извршила делото, притворот ќе започне да се применува од нејзиното пронаоѓање и лишување од слобода.

    Популарно

    Масовна тепачка пред угостителски објект во Карпош: Приведени седум лица

    01.03.2026 во 13:35

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Војната ескалира: Нападната територија на земја членка на ЕУ

    02.03.2026 во 10:00

    Ужас во Делчево: 15-годишник обљубил малолетничка

    01.03.2026 во 13:33

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.