Го „одрал“: 18-годишник од картичката на дедо му плаќал за игри и пазарел

 

18-годишно момче обезбедувајќи податоци од картичката на неговиот дедо извршил стотици плаќања, потрошувајќи над 468 илјади денари, соопшти МВР.

Според полицијата, СВР Штип поднесе кривична пријава против К.М.(18) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

На 28.05.2021, пријавениот обезбедил податоци од дебитна картичка на дедо му, по што во 468 наврати со неа плаќал за игри и вршел купувања.

На тој начин, како што информираат надлежните, го оштетил дедо му за сума од 468.832 денари.

09.12.2022 - 18:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега