Го нападнал Макрон, па ќе оди на суд: "Не размислував, реагирав импулсивно од незадоволство"

Невработениот 28-годишник во текот на испрашувањето рекол дека бил близок со противвладините "жолти елеци" - движење кое го потресе претседателството на Макрон, и дека има ултрадесничарски политички убедувања.

Дамијен Тарел, вљубеник во средновековни боречки вештини, кој му удрил шлаканица на францускиот претседател Еманеул Макрон, ќе излезе пред судија на судење по забрзана постапка денеска.

„Тарел призна дека го удри Макрон, додека претседателот беше во посета на регионот Дроме на југоистокот на земјата, но на инспекторите им кажа дека тоа не го планирал однапред", изјавил локалниот обвинител Алекс Перин.

Невработениот 28-годишник во текот на испрашувањето рекол дека бил близок со противвладините "жолти елеци" - движење кое го потресе претседателството на Макрон, и дека има ултрадесничарски политички убедувања.

„Тој тврди дека реагирал импулсивно изразувајќи го своето незадоволство и дека не размислувал", рекол Перин во изјавата доцна во средата.

Нападот на Тарел над Макрон ја шокирал Франција. Макрон подоцна рекол дека тоа бил изолиран инцидент и дека насилствата и омразата се закана за демократијата.

Претседателот бил во посета на регионот Дроме на југоистокот за да види како "земјата диши" по пандемијата, помалку од една година пред следните претседателски избори.

Познаниците на Тарел рекле дека тој не е проблематичен. Обвинителот изјавил дека не е член на никакви политички ниту милитантни групи.

„Тарел е уапсен заедно со уште еден маж од неговиот роден град Сент Валие. Полицијата пронајде оружје, примерот од книгата на Хитлер "Мојата борба" и знаме со меѓународен симбол на комунистичкото движење, во станот на другиот маж", рекол Перин.

Другиот маж ќе биде обвинет за илегално поседување на оружје, пренесува "Hina".

10.06.2021 - 18:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега