На граничниот премин „Блато“ на македонско-албанската граница приведен е албански државјанин кој бил баран со меѓународна потерница.
„Вчера во 15:05 часот на граничниот премин „Блато“, при влез во државата, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Блато“ го лишија од слобода А.Б. (38) од Република Албанија“, информира Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид.
При пасошка и гранична контрола било констатирано дека лицето е баранo со меѓународна потерница од Интерпол – Унгарија.
А.Б. е пренесен во Одделението за внатрешни работи – Дебар за понатамошна постапка.
На истиот премин, во средината на минатиот месец, при влез во државата, од слобода беше лишен и Ј.В. (44) од Република Албанија, кој бил баран од Интерпол Луксембург.


