Гласањето на болните и изнемоштените во шест општини од Југоистокот се одвива без проблеми

Вкупно 1.348 болни и изнемоштени лица денеска гласаат во општините Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село и Конче. Гласањето се одвива без проблеми и според општинските изборни комисии се очекува да заврши во попладневните часови.

Во Општина Струмица за гласање се пријавени 332 болни и изнемоштени лица, а покрај нив гласаат и затвореници од струмичкиот Затвор.

– Избирачкиот материјал е подигнат од страна на избирачките одбори и процесот тече нормално без никакви проблеми. Тие гласаат со спреј и УВ светилка, информира Томислав Андреев, потпретседател на ОИК Струмица.

Претседателите на изборните комисии од другите општини, исто така, информираат дека гласањето се одвива нормално и без проблеми.

Во Општина Ново Село се пријавени 390 болни и изнемоштени лица, во Босилово 232, Василево 231, Радовиш 125 и во Конче 38.

16.10.2021 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа