Ѓурчевски: АНБ и Димовски секој ден треба да го информираат Ковачевски
Љубомир Ѓурчевски поранешен началник во МВР во емисијата 24 анализа истакна дека во агнецијата откако се формираше, дека се залагал за таа агнеција да се извади надвор од МВР и да биде во надлежност на премиерот.
- Ние зборуваме за нарушен систем на национална безбедност позврзан со издавање на пасоши на криминални групи кои беа откриени и во тој дел е и оваа патна исправа. Во законот се вели во членот 3 кои се условите за стекнување на државјанство и членот 16 владата ќе го искористи за одземање на државјанството како неприкосновено право на Владата. Сите јасно утврдивме дека станува збор за класична злоуотреба на службена положба од институција. Премиерот мора на дневно ниво да биде информиран од АНБ и Димовски. Апсурдно е да се враќаме на она што било во минатото. - вели Ѓурчевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа