Левица, пак удривте статива
Ама дури ни противничката не ја погодивте, туку својата.
Тендерот за којшто манипулирате во јавноста е потпишан од поранешната градоначалничка Данела Арсовска, истата таа која ги бодреше и штитеше вашите директори на претпријатија Станува збор за постапка што е наследена и развојна, пишува на ФБ градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Тоа сигурно добро го знаете бидејќи тој период, токму вие бевте тие кои имаа исклучителна блискост со нејзината администрација, ги полневте управните одбори, добивавте работни позиции и договори на дело во институциите на Град Скопје.
Истите тие институции кои, да потсетиме, беа оставени во финансиска дупка од околу 300 милиони евра, последица на недомаќинско и неодговорно управување.
Затоа, пред да делите лекции за транспарентност и отчетност, добро би било прво да се соочите со сопствената политичка улога во тој период.
Граѓаните имаат добра меморија, а фактите се тврдоглава работа.
Наместо да трошите енергија на фабрикување наративи и фејсбук-објави со краток рок на траење, би ви препорачал конечно да почнете да се однесувате како сериозна опозиција.
Граѓаните очекуваат идеи, решенија и визија за подобар град, а не дневна доза политички театар.
Затоа, ви давам рок од 24 часа да се извините за пласираната невистина.
А во иднина, пред повторно да се обидете да креирате политичка конструкција, проверете ги фактите.
Во спротивно, ризикувате повторно јавно да се избламирате, стои во објавата на Ѓорѓиевски.

