Ѓорѓиевски: Зоран и Вице Заев со признанието на Боки 13 си купија билет за Идризово

Во нормална правна држава после признанието на главниот осуден во Рекет, дека парите завршиле кај Зоран Заев и Вице Заев, денес тие требаше да бидат со лисици на рацете поради сомнение за сторен криминал, истакна на денешната прес-конференција Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека со ова Зоран и Вице Заев си купија директен билет за во Идризово. Нема криминал во оваа држава, а да не се спомнува името на овие двајца.

-ЈО молчи и не се осмели да ги викне браќата Заеви ниту на разговор. Ова е втор пат откако сега осудениот експлицитно го посочува Зоран Заев, а ЈО не се воопшто не се интересира за тоа. Зоран и Вице Заев вчера во судот беа посочени како лица кај кои завршиле пари од Рекет, но Зоран Заев е белата мечка за кого ЈО не смее да отвори постапка, иако сите индиции водат директно до него. ЈО, за кое беше релевантен и отвори постапка според исказ на Нинџа, сега молчи на индициите и исказите кои ги дава Бојан Јовановски. Боки 13 е лицето кое ја носеше торбата полна со пари и тој знае каде ја однел. Кога тој ги посочува Заеви, како крајна дестинација за изрекетираните милиони, тогаш тоа би требало да биде доволно силен аргумент Зоран Заев лично да биде повикан во ЈО да даде исказ, и истовремено да му се одземат уредите за електронска комуникација со цел нивно вештачење, нагласи членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Ѓорѓиевски вели дека ЈО со своето неделување само потврдува дека Зоран Заев не е чист и дека нешто се крие.

-Очекуваме ЈО веднаш да го повика Заев и да отвори истрага против него. Во спротивно јасно излегува на површина дека ЈО е на тастер токму од Зоран Заев. ЈО и сите кои сега не смеат да отворат постапка против Заев, иако за тоа има искази со воспоставување на правната држава во Република Македонија ќе треба да се соочат со аргуменитите дека го прикривале Рекет. Доаѓа време за одговорност. Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и нашиот народот ќе ја направи разликата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.06.2020 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега