Поминавме години под стегите на апатијата во Скопје. Години во кои ни велеа дека ништо не може да се смени, дека мора да се помириме со сивилото, со негрижата, со заборавот. Некои општини, некои наши сограѓани беа целосно избришани од мапата на развојот на Скопје. Една од нив беше и нашето Шуто Оризари. Никој со години овде не инвестираше ништо, порача Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје.

-Јас вечерва сум тука да кажам дека е доста, дека конечно доаѓа крајот на заборавот. Времето на работа, на чесност и на проекти се враќа на голема врата овде во Шуто Оризари и ветувам пред сите дека во наредните 4 години Шуто Оризари нема да биде заборавено, порача Ѓорѓиевски.

Тој им порача на собраните граѓани дека не се сами, дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат план и визија.

-Тоа не се празни зборови, тоа се конкретни дела. Сакам да најавам еден од најголемите проекти во мојата програма, а тоа е изградбата на културен дом кој ќе го носи името на нашата кралица Есма Реџепова. Ова нема да биде само зграда, ова ќе биде пред се враќање на достоинството во Шуто Оризари, порача Ѓорѓиевски.

Exit mobile version