Ѓорѓиевски: Во нормална држава Заев и Дончев уште денеска ќе беа со лисици на рацете
Во нормална држава Зоран Заев и Ден Дончев веќе ќе беа со лисици на рацете и ќе беа изведени пред судот, рече претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, на денешната прес-конференција во однос на објавените снимки во текот на вчерашниот ден.
Како што рече тој, граѓаните имале шанса да слушнат како се одвивал рекетот врз стопанственици и инвеститори, а кој три години бил вообичаена пракса на власта.
„По ваква снимка, каде извршителот е инфлагранти фатен со сноп пари во рака, ЈО требаше уште веднаш да постапи и да го викне Дончев на распит, да отвори предмет против него и да го стави во притвор. Ништо од ова не се случи. Затоа што со ЈО за организиран криминал раководи Вилма Русковска, обвинител кој целосно ги игнорираше сите искази и докази на Боки 13, дека кај Заев завршиле парите од ‘Рекет’“, посочи претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Ѓорѓиевски од името на својата партија го повика Обвинителството да покрене постапка против Дончев, но, како што рече, и против главата на криминалниот октопод, Зоран Заев.
„Доколку ги игнорираат видео и аудиоматеријалите кои излегоа во јавност директно се ставаат во услуга на криминалците од власта и стануваат нивни соучесници“, предупреди тој и додаде дека за сите инволвирани ќе има одговорност веднаш по воспоставувањето на правната држава во Република Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа