Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа најави дека, покрај новите камиони за ЈП „Комунална хигиена“, Скопје наскоро ќе добие и повеќе од 3.300 нови контејнери.

Тој информираше дека жалбената постапка за набавката е во завршна фаза, по што ќе следува испораката и поставувањето на новите контејнери низ градот.

Според Ѓорѓиевски, обновувањето на возниот парк и набавката на новите контејнери се двата клучни столба со кои конечно ќе се стави крај на долгогодишниот проблем со сметот во Скопје.

„Со новата механизација и со повеќе од 3.300 нови контејнери создаваме функционален и одржлив систем за одржување на комуналната хигиена. Скопје мора и ќе биде чист град“, порача Ѓорѓиевски.

Exit mobile version