Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, со искрена посветеност кон најмладите и најранливите категории деца, и овојпат покажа дека хуманоста и грижата се во сржта на локалната самоуправа.
Во духот на празничната магија и солидарноста, беше организирана посебна вечер исполнета со радост, насмевки и детска среќа, наменета за децата од згрижувачките семејства и од ЈУ Детски дом „11 Октомври“.
Во прилог објавата на социјални мрежи од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски:
Подароци за најчистите души
Вечерва, срцето на градот чукаше најсилно токму таму каде што се најчистите насмевки.
Со организација на кино-проекцијата на филмот „Биби и Боби“, им подаривме радост на 100 дечиња од згрижувачките семејства од Скопје и од организационите единици при ЈУ Детски дом „11 Октомври“.
Сала исполнета со смеа, возбуда и детска искреност, моменти што нè потсетуваат колку малку е потребно за голема среќа, а колку многу значи вниманието.
По завршувањето на филмот, поделивме новогодишни пакетчиња за сите дечиња.
Како градоначалник, но пред сè како човек, останувам цврсто посветен на создавање можности, поддршка и сигурност за најмладите, особено за децата кои се дел од системот на социјална заштита.
Нивната радост е нашата најголема обврска.
Секое дете заслужува внимание, љубов и убави празнични денови, напиша градоначалникот на ФБ.

