Close Menu
Press24
    Најново

    Утре пролетни температури: До 18 степени

    06.03.2026 во 18:52

    Европската „четворка“ во итна координација по ескалацијата на војната меѓу САД, Израел и Иран

    06.03.2026 во 18:49

    Воена закана и запленето злато: Нафтоводот „Дружба“ ги скара Унгарија и Украина

    06.03.2026 во 18:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Утре пролетни температури: До 18 степени
    • Европската „четворка“ во итна координација по ескалацијата на војната меѓу САД, Израел и Иран
    • Воена закана и запленето злато: Нафтоводот „Дружба“ ги скара Унгарија и Украина
    • Полицаец падна за ситни пари, го насамари кумановец кој погрешно паркирал
    • По смртта на Хамнеи, Трамп најавува „чистка“ на иранската власт
    • СДСМ: Тошковски бара поефикасен одговор од институциите, а тој води институција
    • Меџити: Образованието останува приоритет за Општина Чаир
    • Димитриеска-Кочоска: Нема место за паника, нафтени деривати има доволно – инспекторите се на терен
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: Наша обврска е да ги заштитиме децата во дигиталниот свет

    Ѓорѓиевски: Наша обврска е да ги заштитиме децата во дигиталниот свет

    06.03.2026 во 11:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Кликни безбедно“ – чекор кон побезбеден интернет за нашите деца

    Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски денес, на покана на министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, присуствуваше на промотивното прикажување на едукативниот анимиран филм „Кликни безбедно“, реализиран во рамките на проектот MKSafeNet – Центар за побезбеден интернет.

    Станува збор за едукативна содржина наменета за најмладите, која на едноставен, разбирлив и близок начин ја доближува важноста на дигиталната писменост, како и потребата од безбедно, одговорно и етичко користење на интернетот, рече Ѓорѓиевски.

    „Во време кога децата сè порано влегуваат во дигиталниот свет, наша заедничка обврска е да создадеме средина во која технологијата ќе биде простор за знаење, креативност и развој, а не извор на ризици.

    Токму затоа ваквите иницијативи имаат особено значење, да ја поттикнат соработката меѓу институциите, училиштата и родителите, со цел побезбеден интернет за секое дете.

    Анимираниот филм ќе биде достапен за прикажување во сите училишта низ Македонија, а можност за негово емитување ќе имаат и телевизиите, со што пораката за дигитална безбедност ќе стигне до што поголем број деца и семејства.

    Голема благодарност до Министерството за дигитална трансформација за посветеноста и заложбите кон политики и проекти кои ја зајакнуваат дигиталната писменост и онлајн безбедноста, особено кај младите генерации“, посочи Ѓорѓиевски.

    Популарно

    Ја киднапирал и силувал: Дошла од Германија, преживеала 10 дена хорор во Гази Баба

    06.03.2026 во 14:39

    Крај за физичкото запишување забрани во возачките: МВР воведе СМС известување за сообраќајните казни

    06.03.2026 во 14:57

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Цените на нафтата се удвојуваат поради конфликтот во Иран

    06.03.2026 во 11:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.