Close Menu
Press24
    Најново

    Сали се сретна со Претседателот на Република Албанија

    27.02.2026 во 23:45

    Нападнат 65-годишник во Центар

    27.02.2026 во 23:04

    Се запали куќа во Волково

    27.02.2026 во 22:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали се сретна со Претседателот на Република Албанија
    • Нападнат 65-годишник во Центар
    • Се запали куќа во Волково
    • Хорор на клиника: Хирурзи во Приштина се тепаа пред колегите и пациентите
    • Трамп за односите со Техеран: „Не сакам да го нападнеме Иран, но понекогаш мора“
    • Венецуелската нафта повторно достапна за Куба: Помош за народот или нов дипломатски јазол?
    • Уапсено лице од тетовско осомничено за лажни дојави за поставени бомби во училишта
    • По ажурирање на оваа апликацијата – жена остана без 3.500 евра
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски најави мега-проекти за Скопје: Клучка Хиподром, трета лента на „Александар Македонски“ и прва фаза од булеварот „Хрватска“

    Ѓорѓиевски најави мега-проекти за Скопје: Клучка Хиподром, трета лента на „Александар Македонски“ и прва фаза од булеварот „Хрватска“

    02.10.2025 во 14:545 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски денеска најави дека во  Гази Баба ќе ја изгради клучката во Хиподром, трета лента на булеварот „Александар Македонски”, прва фаза од булеварот „Хрватска” и уште многу други проекти.

    Ѓорѓиевски нагласи дека со изградбата на клучката Хиподром и третата лента на булеварот „Александар Македонски“, од мостот кај Сингелиќ (Ченто) до мостот во Автокоманда, ќе се овозможи значително зголемување на протокот на возила и нивно насочување кон Гази Баба.

    -Клучката Хиподром ќе обезбеди директно поврзување со улицата „Пролетна офанзива“, која најмногу ја користат возачите што доаѓаат од Куманово и Велес и на тој начин ќе се елиминираат долгите колони при влезот во Скопје. Во исто време, преку булеварот „Александар Македонски“ ќе се овозможи брз и ефикасен проток на возилата кон Автокоманда, со што ќе се растовари целиот источен дел на градот. Со тоа не само што ќе се решава секојдневниот метеж, туку и ќе се модернизира градската инфраструктура и ќе се олесни пристапот до индустриските и станбените зони, рече тој.

    Ѓорѓиевски информира дека паралелно започнува и изградбата на првата фаза на булеварот „Хрватска“. Со овој проект, како што посочи, се очекува да се воспостави стратешко поврзување меѓу Гази Баба, Бутел и Чаир, од мостот во Автокоманда до подвозникот меѓу Чаир и Бутел, како дел од внатрешната обиколница на Скопје, што ќе овозможи растоварување на центарот, нови можности за локална поврзаност, економски развој и интегрирање на европски стандарди во сообраќајното планирање.

    -На изградбата на првата фаза на булеварот „Хрватска“, ќе ѝ претходи изградба на нов водоводен крак, инвестиција која е клучна за подобрување на водоснабдувањето во високата зона на Автокоманда и Железара, како и во селата на Гази Баба поврзани со градскиот водовод. Со тоа, ќе обезбедиме стабилен притисок, сигурна испорака и значително подобар квалитет на услугата за илјадници домаќинства, особено во летните месеци. Исто така, би сакал да ги нагласам и новите поврзувања меѓу Гази Баба и Аеродром, тоа е поврзувањето на булеварот „Александар Македонски“ со булеварот „АСНОМ“ преку мостот „Генерал Михаило Апостолски“, како и реконструкцијата на улицата „Перо Наков“ и нејзиното поврзување со булеварот „Февруарски поход“ преку нов мост на реката Вардар. Со севкупната реализација на овие големи инфраструктурни зафати ќе се растовари метежот во источниот дел на градот, кој е воедно и влез во Скопје. Ќе создадеме брзи, функционални и безбедни врски меѓу општините, ќе го олесниме секојдневието на граѓаните и ќе поставиме нови стандарди за урбано и сообраќајно планирање, рече тој.

    Ѓорѓиевски најави дека до јули 2027 година, скопјани ќе добијат нов Луна парк.

    -Мене ми е жал што еве ние сме генерација која што израсна без Луна паркот  во Скопје, но за жал растат и нашите деца. Имаме проект, го содржи сето тоа во мојата програма со детали. Што се однесува до роковите на реализација, во наредните неколку дена ќе биде презентирано и 3Д визуализација на сето тоа како ќе изгледа и до јули 2027 година јас одговорно тврдам дека скопјани ќе добијат нов Луна парк. Ќе се искористат тие шест реквизити кои се тука. Ќе ги доплатиме како Град, бидејќи не се доплатени, но дополнително и ќе набавиме нови реквизити за да овозможиме еден ултра совреме, модерен Луна парк каков нашите деца заслужуваат, а го има во европските развиени метрополи, рече тој. 

    Во однос на Аква паркот, Ѓорѓиевски истакна дека тој не е во негова надлежност но очекува дека од наредната пролет ќе биде ставен во функција.

    -Во однос на Аква паркот, тоа е во државна сопственост. Јас ќе апелирам до директорот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ да стават посериозен фокус таму. Јас веќе имам и разговарано. Тој е млад, амбициозен и верувам дека од наредната пролет ќе биде ставен во функција. Не можам да тврдам, затоа што не е моја надлежност. Но, верувам дека Даниел ќе успее тоа да го реализира, изјави тој.

    Ѓорѓиевски нагласи дека Скопје има преубави места кои што треба само да го добијат вистинскиот сјај, но во неговите први приоритети ќе биде расчистувањето на Градот од комунален отпад и нормализирање на јавниот превоз.

    -Парк шумата Водно, Парк шумата Гази Баба, но и останатите такви рекреативни центри како што ги имаме во Сарај а не се функционални какви што имаме можности. Јас почнав со рекреативен центар во Драчево кој е веќе во финална фаза. Скопје има преубави места кои што треба само да го добијат вистинскиот сјај. Тие се запоставени со години, никој не обрнува внимание. Нашиот народ е доведен во состојба да не може тоа што го нуди Градот да го располага онака како што треба да располага. А, секогаш потенцирам во моите обраќања, особено пред медиумите, дека скопјани за тоа уредно си плаќаат. Скопјани се дисциплиниран народ кои го сакаат градот и уредно си ги плаќаат своите сметки дали е тоа поврзано со комунални такси, со даноци на имот или со било каква ставка која значи исплата спрема Градот Скопје уредно си плаќаат, домаќински работат скопјани. Градот треба домаќински да возврати. Јас имам прво сериозни приоритети поврзани околу тоа да се исчисти Градот во првите 72 часа. Имаме сериозен предизвик со ЈСП, со коешто треба да го нормализираме јавниот сообраќај оти доаѓаат зимски денови и на народот ладно ќе им биде да чекаат автобус по неколку часа. Првин мораме да ги нормализираме тие состојби. Ќе го вратиме гухот на Скопје, рече Ѓорѓиевски. 

    Популарно

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Испливаа најнови информации за здравјето на Дачиќ

    27.02.2026 во 09:30

    Хорор на клиника: Хирурзи во Приштина се тепаа пред колегите и пациентите

    27.02.2026 во 22:34

    Се огласи докторот кој го лекува Дачиќ: Засега е стабилен

    27.02.2026 во 16:18

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.