Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари средба со израелската амбасадорка во земјава, Н.Е. Вивиан Аисен, како и со почесниот конзул на Израел во Македонија, Градимир Шумковски.

Ѓорѓиевски на својот Фејсбук профил објави дека средбата била „исклучително конструктивна и пријателска“. Тој истакна дека пред амбасадорката ја претставил својата визија за развојот на главниот град:

„Во рамки на разговорот ја претставив визијата за развој на Скопје, заснована на одржливи политики, јасна стратешка рамка и силна посветеност кон модернизација на јавните услуги и унапредување на урбаното уредување“, објави Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Како што информира градоначалникот, на средбата особено ја нагласил важноста од размена на добри практики со Државата Израел. Оваа соработка, според него, е важна поради тоа што Израел е земја препознатлива по напредните технолошки решенија и успешните модели на урбана трансформација.

Exit mobile version