Орце Ѓорѓиевски, на покана на премиерот Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на четвртата седница на Советот за реформи во јавната администрација. Главниот фокус на дискусијата беше поставен врз потребата од градење на функционална, ефикасна и одговорна држава, што е еден од приоритетните процеси за напредок на земјата.

Според Ѓорѓиевски, клучниот предизвик лежи во подигнувањето на капацитетите на институциите, унапредување на услугите кон граѓаните и сеопфатна дигитализација на сите процеси.

„Цврсто верувам дека Македонија може да оди напред само ако администрацијата работи побрзо, поефикасно и професионално. Институциите мора да комуницираат меѓусебно, да функционираат беспрекорно и да покажат целосна одговорност пред граѓаните“, истакна Ѓорѓиевски по одржувањето на седницата.

Тој ја потенцираше важноста на новиот реформски пристап кој се базира на неколку столбови: воведување на дигитализацијата како основен стандард во сите институции, рационализација на процесите, намалување на бирократските пречки и усогласување со европските практики. Според Ѓорѓиевски, со решителност и јасна насока, Македонија може да стане пример за модерна и функционална администрација.

Exit mobile version