Ѓорѓиевски на излет на Пеленица со децата со церебрална парализа
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес на излет во Пеленица се дружеше со децата со церебрална парализа. Како што истакна, овие излети станаа традиција која со радост ја продолжуваат веќе неколку години и секој пат одново потсетуваат на важноста заедничките заложби за создавање на подобро општество за сите.
-На мое големо задoволство, денеска повторно се дружев со децата со церебрална парализа, на нашиот, веќе традиционален излет во Пеленица. Овие дружби се значајни за сите нас, бидејќи се прекрасна можност за сите нас да се поврземе, да се поддржиме и да создадеме моменти на радост и заедништво. Како човек и како градоначалник на Општина Кисела Вода, секогаш се залагам за подигнување на јавната свест за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат лицата со церебрална парализа. Мојата заложба е да работиме сите заедно кон подобрување на нивните права и можности за што понезависен, посамостоен и целосно интегриран живот во нашето општество. Една од моите бројни активности во оваа сфера е отворањето на клубот за лицата со церебрална парализа во Расадник, кој го финансирам лично заедно со лицата од мојот кабинет. Овој клуб е место каде децата се дружат и социјализираат, каде создаваат нови пријателства и уживаат во различни активности. Често сум гостин во клубот и можам да видам колку е значајно за нив да имаат вакво место каде се чувствуваат прифатено и поддржано. Лицата со церебрална парализа не смеат да бидат маргинализирани. Тие се дел од нашата заедница и заслужуваат поддршка и разбирање. Со ваквите дружења и настани, се надевам дека им го разубавуваме секојдневието и им покажуваме дека не се сами во своите предизвици-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
23.05.2024 - 13:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа