Close Menu
Press24
    Најново

    Ужас во скопско: Ја заклучил сопругата со четирите деца во тоалет, ја претепал, па ја избркал од дома

    03.04.2026 во 13:59

    Хорор во пробиштипско: Татко во својот дом го нашол синот со прострелна рана

    03.04.2026 во 13:54

    „Водата е живот“: Битолските основци и ЈКП „Водовод“ со силна порака за заштита на ресурсите

    03.04.2026 во 13:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ужас во скопско: Ја заклучил сопругата со четирите деца во тоалет, ја претепал, па ја избркал од дома
    • Хорор во пробиштипско: Татко во својот дом го нашол синот со прострелна рана
    • „Водата е живот“: Битолските основци и ЈКП „Водовод“ со силна порака за заштита на ресурсите
    • Љутков од Лешок: Во јуни завршува обновата на стариот конак
    • Мицкоски: Образованието не е трошок, туку најсилна инвестиција во иднината на државата
    • Петрушевски: СДС и ДУИ му овозможија бизнис од 200 милиони евра на прорускиот бизнисмен Дака
    • Кузеска: Ленче Ристовска е елиминирана за да се спаси имотот на ВМРО-ДПМНЕ
    • Андоновски: Ќе потпишеме договор за прифаќање на електронските потписи меѓу Македонија и Црна Гора
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: Ќе го завршиме булеварот Борис Трајковски до Драчево 

    Ѓорѓиевски: Ќе го завршиме булеварот Борис Трајковски до Драчево 

    09.10.2025 во 22:023 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, се обрати од денешниот народен митинг одржан во Кисела Вода во рамки на изборната кампања со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори закажани на 19 октомври годинава. Ѓорѓиевски ја претстави својата визија за зелено и модерно Скопје, а наброи и клучни инфраструктурни проекти, решенија за еколошките проблеми со кои градот се соочува, подобрување на јавните претпријатија. Според него, успехот на Кисела Вода е модел што треба да се пренесе.

    ,,Кисела Вода конечно е добриот пример во Скопје. Доказ дека кога се работи чесно, посветено и од срце, резултатите се тука, видливи за сите! И токму тој доказ, таа наша заедничка победа, е причината зошто стојам денес пред вас. Затоа што моделот на работа, енергија и чесност од Кисела Вода, мора да го пренесеме во цело наше  Скопје. Она што го направивме овде, во нашето маало, можеме и мораме да го направиме за целиот наш град. Скопје заслужува да биде водено со љубов, со план и со визија“, вели Ѓорѓиевски.

    Тој истакна дека ќе го заврши проширувањето на булеварот „Борис Трајковски“, ќе го реши проблемот со Усјанскиот канал, ќе изгради нова катна гаража на Есенинова, ќе ја создаде најголемата Градска шума во Расадник, општина Кисела Вода.

    ,,Конечно ќе го завршиме проширувањето на булеварот „Борис Трајковски“ сè до Драчево. Ставаме крај на гужвите и тесните грла еднаш засекогаш. Ќе го решиме и деценискиот проблем со Усјанскиот канал, со негова целосна реконструкција и покривање! Нема повеќе ризици по здравјето на нашите граѓани и поплавени домови како што беше тоа во минатото“, рече Ѓорѓиевски и додаде:

    ,,Ќе ги поврземе населбите и ќе го олесниме движењето со пробивање на улицата „Есенинова“. Ќе изградиме нова модерна катна гаража на Есенинова за да го решиме проблемот со паркирањето таму. И најважно, нашиот завет кон вас: во Расадник, ќе ја изградиме најголемата Градска шума, мега парк во урбаниот дел на Скопје. Ќе создадеме нови бели  дробови за целиот град, токму овде, во срцето на наша. Кисела Вода“.

    Ѓорѓиевски додека дека визијата е за поврзано, зелено и модерно Скопје, без сообраќајни проблеми, чист воздух, реформирани јавни претпријатија и обновени културни објекти, со цел Скопје повторно да заживее.

    ,,Ова, пријатели, е нашата визија. Визија за поврзано, зелено и модерно Скопје. Град со функционален сообраќај, каде ќе ги завршиме сите заглавени проекти како клучката Момин Поток и ќе изградиме нови артерии како булеварите „Хрватска“, „Цветан Димов“ и подземната сообраќајница кај „Лимак“. Град со чист воздух, каде ќе воведеме целосен план за чист воздух, а депонијата Дрисла ќе ја претвориме од еколошка бомба во современ европски центар за третман на отпадот. Град со ред и поредок, каде јавните претпријатија ќе бидат реформирани за да му служат на народот, а не на партиските интереси. Ќе воведеме комунален ред за да го вратиме сјајот на сите  наши улици. Град кој се грижи за својата култура, каде конечно ќе ја вратиме во живот Универзалната сала и киното Милениум“, заклучи Ѓорѓиевски.

    Популарно

    Ужас во скопско: Ја заклучил сопругата со четирите деца во тоалет, ја претепал, па ја избркал од дома

    03.04.2026 во 13:59

    Хорор во пробиштипско: Татко во својот дом го нашол синот со прострелна рана

    03.04.2026 во 13:54

    „Водата е живот“: Битолските основци и ЈКП „Водовод“ со силна порака за заштита на ресурсите

    03.04.2026 во 13:49

    Љутков од Лешок: Во јуни завршува обновата на стариот конак

    03.04.2026 во 13:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.