Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник за град Скопје, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва гостуваше во емисијата На дуел со Иван, на Канал 5 телевизија при што најави дека во текот на неговиот мандат има за цел да изврши проширување на топлификационата мрежа во градот Скопје, како и изградба на две гасни централи од кои едната во Охис, а другата во Ѓорче Петров.

„Проширување на мрежата на топлификација, постапување, две гасни централи ќе има едната во Охис, во соработка со Владата, една на излезот на Ѓорче за онаму каде што не може градска топлификација, да можеме да го бајпасираме тој момент. И дополнително на високите зони во Скопје, како Црниче, Пржино, делови од Водно, каде што би имале сериозни загуби и не е возможно да се имплементираат првите две коишто ги споменав како мерки, тогаш ќе се оди на варијантата од страна на градот Скопје, конкретни субвенции за домаќинствата за топлотни пумпи поставување“, вели Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски се осврна и на решенијата коишто тој ги има предвидено во неговата програма, а кои се во насока на решавање на сообраќајниот метеж во градот Скопје, при што истите ги сподели со јавноста.

„Го споменав моментот затворање на мал ринг, но велам вака, прво ќе се гради Лимак, да се заврши Лимак, за на народот му дадеме алтернатива. Јас секогаш сум поборник прво да дадеме алтернатива па да донесеме решение, решенија ад хок предизвикуваат дополнителен хаос“, рече Ѓорѓиевски и додаде:

„Градот Скопје мора да даде три комбинации од транспорт за граѓаните едната од тие е БРТ, којшто треба да се имплементира, но треба да се доработи кракот којшто недостасува до Драчево и паралелно до Радишани треба да се имплементира. Набавка на еколошки автобуси, Владата треба до март месец да обезбеди 80 автобуси за градот Скопје. Флотата да се обновува од страна на градот Скопје, градот Скопје има капацитет, има буџ

Exit mobile version