Close Menu
Press24
    Најново

    Стоилковски открива: Зошто Софија не блокираше за НАТО, а сега поставува нови замки за Македонија

    21.03.2026 во 16:06

    Полицијата апсеше низ целата држава – Приведени 16 возачи, 11 немале возачка

    21.03.2026 во 15:17

    МВР со полни раце работа: Шест лица уапсени за семејно насилство во еден ден – напаѓани сопруги, деца и родители

    21.03.2026 во 15:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стоилковски открива: Зошто Софија не блокираше за НАТО, а сега поставува нови замки за Македонија
    • Полицијата апсеше низ целата држава – Приведени 16 возачи, 11 немале возачка
    • МВР со полни раце работа: Шест лица уапсени за семејно насилство во еден ден – напаѓани сопруги, деца и родители
    • Вработен во „Македонски железници“ со изгореници од струен удар итно пренесен во болница
    • МВР со детали за пронајдениот леш во Зрновци
    • Стружанец се обидел да ја напушти државата со куршуми во рачниот багаж
    • Грозоморен настан во Зрновци: Силувано и убиено женско лице – пронајдено обезглавеното тело
    • Прегазено осумгодишно дете на патот Радовиш-Конче, со тешки повреди пренесено во болница
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски и Меџити го означија почетокот на реконструкцијата на „Лазар Трповски“ во Чаир

    Ѓорѓиевски и Меџити го означија почетокот на реконструкцијата на „Лазар Трповски“ во Чаир

    13.02.2026 во 12:561 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски заедно со градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, го означија почетокот на реконструкцијата на улица „Лазар Трповски“, една од најзначајните сообраќајни артерии во овој дел од градот. Овој проект е клучен за обезбедување поголема безбедност, ред и ново достоинство за граѓаните на Чаир.

    Станува збор за целосна реконструкција со нов асфалт на двете коловозни ленти, изградба на стандардизирани тротоари, велосипедски патеки од двете страни, уредени паркинг-простори и современ систем за јавно осветлување. Со ова се става безбедноста на прво место за сите учесници во сообраќајот, вклучително возачи, пешаци и велосипедисти. Улицата „Лазар Трповски“, која во минатото беше позната како критична точка за сообраќајни незгоди, добива инфраструктура по европски стандарди која обезбедува јасна сигнализација, подобрена прегледност и функционални решенија што одговараат на реалните потреби на граѓаните.

    Градот Скопје продолжува со инфраструктурните инвестиции и до крајот на годината ќе започне постапката за целосна реконструкција и проширување на булеварот „Цветан Димов“, кој секојдневно го користат повеќе од 100.000 граѓани и кој поврзува неколку скопски општини. Овој проект ќе овозможи трајно решение за метежот и небезбедноста, ставајќи крај на долгогодишниот сообраќаен хаос на оваа делница.

    Популарно

    Стоилковски открива: Зошто Софија не блокираше за НАТО, а сега поставува нови замки за Македонија

    21.03.2026 во 16:06

    Полицијата апсеше низ целата држава – Приведени 16 возачи, 11 немале возачка

    21.03.2026 во 15:17

    МВР со полни раце работа: Шест лица уапсени за семејно насилство во еден ден – напаѓани сопруги, деца и родители

    21.03.2026 во 15:08

    Вработен во „Македонски железници“ со изгореници од струен удар итно пренесен во болница

    21.03.2026 во 15:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.