Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Франција во земјава, Кристоф Ле Риголер, на која била претставена визијата за долгорочен и одржлив развој на главниот град.

„На амбасадорот му ја претставив визијата за развој на Скопје која е заснована на јасна стратегија, долгорочни политики и силни принципи на одржливост,“ истакнал Ѓорѓиевски по средбата.

Градоначалникот потенцирал дека Скопје се стреми кон целосна интеграција на европските стандарди во економскиот раст, културниот развој и, особено, во зелените политики.

Амбасадорот Ле Риголер ја изразил подготвеноста на Франција активно да споделува искуства и иницијативи. Француската експертиза, како што најави, може значајно да придонесе за подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живот во Скопје.

На средбата било разговарано и за натамошно унапредување на партнерството со збратимениот град Дижон, со цел отворање нови можности за заеднички проекти од интерес за скопјани.

Ѓорѓиевски изразил увереност дека оваа континуирана институционална комуникација и координација ќе придонесе Скопје да се развива како „современ, европски град, кој нуди иновативни решенија и останува широко отворен кон светот“.

Exit mobile version